Макромеметика

Макромеметика

Резиме
1 – Вовед и преглед
2 – Поделената западна философија
3 – Хиерархиската структура на мем-басенот и Поперовиот Свет 3
3.1 – Мем-басените и тоталниот културен апарат на општествата
4 – Културалната еволуционистичка школа во социјалната антропологија
4.1 – Еволуционистичка анализа на цивилизациите
5 – Меметиката и философијата на XX-иот век
5.1 – Мемите и прагматизмот
5.2 – Попер и еволуционистичката епистемологија
5.3 – Сосир и означувачите
5.4 – Фуко и епистемата
6 – Заклучок: Улогата на меметиката
Референци

Доукинс /9/ ја признава својата задолженост спрема Попер и Клоак /Cloak/ (7), затоа што тие го расчистија патот до мем концептот. На тој начин меметиката има и философски и антрополошки претходници. Од философската страна Поперовиот Свет 3 е населен со мноштво елементи, кои може да се опишат како меми. Клоак е од антрополошката традиција, а голем дел од антропологијата од XIX-ти и XX-ти век имаше цврста еволуционистичка компонента. Доукинсовиот реален придонес може да се третира како фузија на културалниот еволуционизам и редукционистичкиот приод изведен од гено-селекционистичката школа на еволуционистичката биологија. „Култургените“ /”Culturgens”/ (6) на Кавали-Сфорца /Cavalli-Sforza/ и Фелдман /Feldman/, а можеби дури и „симболантите“ /”symbolants”/ (47) на Вајт, беа делумни антиципации на овој приод. Сосировата работа врз „означувачите“ потекнува од неговото рано истражување во еволуцијата на јазиците. Оттука, структуралистичката философија од XX-иот век ги има своите корени во еволуционистичката теорија. Потенцирањето дека структуралистите пласираат дисконтинуирана промена и борба против метанаративите наведе некои од структуралистичките претставници да инсистираат врз инкомпатибилноста на структурализмот со дарвинистичката еволуција. Сепак, сега, кога е оценето дека дисконтинуираните промени, скоковите, може повремено да се појават и во биолошката еволуција, инкомпатибилноста повеќе не може да се застапува. Една од најразвиените англо-американски философски гранки е еволуционистичката епистемологија, која исто така е изведена од Поперовиот дарвинистички пристап во темите за свеста и историјата на идеите. Така, меметиката претставува можна рамка за помирување на двете клучни гранки на Западната философија.

Превод од англиски: Силвана Димитровска

АвторДерек Гедерер
2018-08-21T17:21:48+00:00 август 1st, 2002|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 27|