Макромеметика

Макромеметика

Резиме
1 – Вовед и преглед
2 – Поделената западна философија
3 – Хиерархиската структура на мем-басенот и Поперовиот Свет 3
3.1 – Мем-басените и тоталниот културен апарат на општествата
4 – Културалната еволуционистичка школа во социјалната антропологија
4.1 – Еволуционистичка анализа на цивилизациите
5 – Меметиката и философијата на XX-иот век
5.1 – Мемите и прагматизмот
5.2 – Попер и еволуционистичката епистемологија
5.3 – Сосир и означувачите
5.4 – Фуко и епистемата
6 – Заклучок: Улогата на меметиката
Референци

Пред да ја напуштиме англо-американската философија, мора уште еднаш да го споменеме Попер. За неговиот концепт на Светот 3 и сличностите што ги покажува со мем-басенот веќе беше дискутирано. Ова е една од рефлексивните насоки кои водат до философската школа, позната како еволуционистичка епистемологија, која се разви паралелно со падот на логичкиот атомизам. Во меѓу-воениот период дури и Витгенштајн за некое време ја напушти философијата, а неговите непосредни следбеници од Виенскиот круг беа растурени од нацистичката инвазија на Австрија. Витгенштајновиот доцен труд ја истакнува контекстуалната зависност на јазикот во форма на „јазички игри“. Во „Философски истражувања“ (Wittgenstein /51/) го обработува ставот дека анализата на јазикот, превземена независно од јазичката игра или „животната форма“ во која е употребен, е суштински безначајна. Ова доведе до пост-воената школа, позната како лингвистичка философија, чиј иницијатор беше Џ.Л. Остин /J.L. Austin/ (1911 – 1960) /1/. Попер се погрижи оваа тенденција да добие своја опозиција, макар што Мориц Шлик /Moritz Schlick/ (1882 – 1936) од Виенскиот круг, се чини, го антиципираше Поперовиот концепт за Светот 3 во својот Algemeine Erkenntnislehre.
Изразот „еволуционистичка епистемологија“ го скова Д.Т. Кембел /D.T. Campbell/ (5) во коментарот на Поперовите дела, а неодамна беше повторно разгледан од Хенри Плоткин /Henry Plotkin/ (33). Круцијалниот спис на Леда Космидес /Leda Cosmides/ (8), со наслов „Дали природната селекција го вообличи начинот на кој луѓето расудуваат?“, педантно го сумира целиот пристап од кој оддекнува Пирс, но во нео-дарвинистички формат. Еволуционистичката епистемологија стана најголемиот тренд во епистемологијата во англо-американскиот свет, сместувајќи ја на тој начин дарвинистичката анализа на мислата во самиот центар на традицијата. За да ги помириме англо-американската епистемологија и континенталната пост-структуралистичка мисла неопходно е да ги испитаме дарвинистичките корени на структурализмот.

АвторДерек Гедерер
2018-08-21T17:21:48+00:00 август 1st, 2002|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 27|