Компаративна книжевност, светска книжевност и етичка книжевна критика. Книжевната „инфра-другост“

/, Литература, Блесок бр. 112/Компаративна книжевност, светска книжевност и етичка книжевна критика. Книжевната „инфра-другост“

Компаративна книжевност, светска книжевност и етичка книжевна критика. Книжевната „инфра-другост“

Дали етичката книжевна критика е (единствената) праведна и точна?
民歌
RAHVALAUL
Народна песна


Лишена од естетскиот аспект, ЕКК лесно би го загубила својот идентитет, и би станала поле доминирано од „ноосферски“ расудувања, без многу или никаков контакт со „другото“.
Меѓу основните „инфра-други“ на книжевноста, метафоричката слика со својот неповторлив гениј отсекогаш била главната разлика, а истовремено и аксиолошкото јадро на книжевните дела. Во природата на метафората е да пренесува сензуалност, бидејќи таа воспоставува аналогија помеѓу две или повеќе конкретни и телесни предмети. Затоа, големата концентрација на метафори во делата на Вилијам Шекспир или Федерико Гарсија Лорка е најверојатно тоа што доведува морално-филозофските конфликти да ја изразат својата извонредена експресивност. Кај овие големи творци, поетска слика никогаш не дегенерира во идеја за морал присилно наметнат врз реалноста – карактеристика позната како морализација. Напротив, високата метафорична концентрација воопшто нема застарено или не е „надмината“ во нашата современа поетика. Може да се тврди дека оригиналната метафорична слика всушност постојано ја обезбедува мерката за трајна вредност во било кое книжевно творештво. Во контекст на горе споменатите „периферни“ поети на малцински народи, и Јохан Лиив и Џиди Маџиа брилираат во метафоричниот интензитет на нивната филозофски ориентирана поезија.

Во сето книжевно творештво, примената на алегориската сликата е еден вид на паралелна „инфра-другост“, една соперничка метафора, но со далеку помал интензитет. Во принцип, алегоријата е спротивна од метафората: таа е присилно наметнување идеја, а многу често и на морал во смисла на правилно или исправно однесување, во согласност со воспоставените норми на едно општество или заедница. Од таа причина, алегоријата била многу популарна во доцната европска средновековна книжевност, како и во барокот. Експресионизмот на 20иот век на алегоријата и дал необични индивидуални карактеристики, но суштината била иста. Идеите на творецот, кои често одразувале и некои современи политичко-идеолошки идеи или трендови, биле присилно наметнати врз реалноста.

Па така, алегоријата е дефинитивно поблиску поврзана со традиционалната „себност“ засновано на разумот отколку метафората. Последното може да се смета за дел од книжевното „инфра-другост“, кое претставува стремеж кон природно-биолошко-генеричкиот „друг”, кон слобода и независност, и кон индивидуалното. Сепак, дури и во рамките на алегоријата, најголемите писатели на СК успеале да создадат неверојатни дела со кои ги прошириле традиционалните граници на алегоријата и во нејзиното владеење вовеле моќни метафорички слики. Така, Балтазар Грацијан, кој е истовремено и еден од исклучитенлите европски мислители и главни естетски теоретичари на барокот, напишал еден интересен алегориско-симболички роман Ел criticón (1651-1657), кој е можеби и предвесник на модерниот интелектуалено културолошки роман. Неговата алегорија, исполнета со остроумни филозофски споредби и игри на зборови, како и постојаното мешање на рационално-културното и сензуално-природното, е далеку поблиску до модерениот сензибилитет, секогаш отворен за нејаснотии, од добро познатата книга Патувањето на аџијата (The Pilgrim’s Progress) на Џон Банјан, објавена десетина години по романот на Грацијан.

На ист начин, еднo од чудата на барокниот театар е драмата на Педро Калдерон де ла Барка, El Gran Театро del Mundo (Големиот театар на светот). Едночинскиот театарски жанр auto sacramental крајно го ограничува нејзиниот израз. Драмата е типично алегорична – на тој начин е и потомок на жанрот на моралитет од доцниот среден век, кој, меѓу ликовите лишени од каква било конкретност, ги имал Светот, Авторот (Бог), Кралот, Богатиот, Сиромавиот, Убавината, Детето и Гласот, меѓу другите. Сепак Калдерон навистина успеал да го доведе целиот свет на театарската сцена и во монолозите на Светот да ги одрази главните периоди на човековата историја, кои се совпаѓаат со визиите и предвидувањата на Библијата, како и со егзистенцијалните граници на животот на секој поединец, од раѓање до гроб. Визијата на Калдерон ја губи својата апстрактност поради тоа што е заробена помеѓу границите на било кој човечки живот и неговите страсти и желби, благородност и беда.

Истото важи и за делата на голем број подоцнежни творци, вклучувајќи го и Естонецот Јохан Лиив, кој е современик на раниот модернизам и Ји поетот Џиди Маџиа, кој е современик на постмодернизмот. И двајцата може да се сметаат за бунтовници против доминантната општествена идеологија како и на естетската идеја на нивното време, која потекнувала од западените центри. И двајцата имаат силна наклонетост кон филозофскиот поглед на светот, бидејќи нужноста од идеи е силна и кај двајцата.

АвторЈури Талвет
2018-12-13T11:24:21+00:00 март 22nd, 2017|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 112|