За Македонија

За Македонија

Очигледно големата адхезивна енергија, неопходна за таква титанска задача, каква што е одржувањето на трите дела на светот заедно, е во најблиско сродство со самиот Македон, кому магнетската моќ му била и уште колку потребна.
Меѓутоа, и Азија го има својот херој на зближување, и, што е крајно необично, го именува со истото име – Македон. Овојпат, Македон е кралски син. Неговиот татко е Ликаеон, справедлив и умен крал, миленик на боговите. Владеел со Аркадија, најтивкото и најидилично кралство на сите времиња. Со овие два детала се упатува на неопходните одлики на оној што ќе треба да го обедини светот: да биде умен и одмерен, а неговата душа се оформува во смиреност и благост на аркадиската хармонија. И во овој мит, Македон го добил своето кралство во подрачјето на Македонија, именувана според него.

АвторФерид Мухиќ
2018-08-21T17:22:17+00:00 март 1st, 1998|Categories: Есеи, Блесок бр. 01, Литература|