Ферид Мухиќ

/Ферид Мухиќ
Ферид Мухиќ 2018-08-21T17:17:48+00:00

Project Description

Професорот по филозофија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Ферид Мухиќ (роден 1944) ја започнал својата академска кариера како асистент на Институтот за социолошки истражувања во Скопје, 1970. На Катедрата за филозофија започнал како асистент во 1974; Вонреден професор од 1976 до 1980; Редовен професор е од 1980 до денес. Почесен професор на ISTAC, Куала Лумпур; Државниот универзитет на Флорида; Универзитетот Сиракуза, Њујорк; Сорбона 8, Париз; и неколку универзитети во Југоисточна Европа. Главни професионални преокупации: современа филозофија, културна антропологија, естетика, филозофија на политиката.

Книги: Методи на критиката, 1977; Мисла; Револуции и класни борби, 1978; Култура; Филозофија на иконоклазмот, 1983, Босна и Херцеговина; Мотивација и медитација, 1988; Македонска книга; Штитот од злато, 1988; девет изданија до сега, преведени на македонски, англиски, француски, албански и турски, првото издание публикувано од Просвета, Југославија; Noumenology на телото, 1994; Табернакул; Soul’s Rose, 1994; Јазикот на филозофијата, 1995; Македонија: Catena Mundi, Табернакул, 1995; Разум и моќ, Битола, 1996; Yugoslavia and After, Longman, UK; Големата градба и други разговори со непознатиот, 2001; Блесок; Logos and Hierarchy, Скопје, 2001. Има објавено и три книги поезија: Falco Peregrinus, 1988; Стотина чекори нагоре, 1994; Чадот од догорчето на сонот, 1996. Блесок има објавено избор од неговите колумни Прамен волна во 2001.

Ферид Мухиќ бил уредник на Блесок Есеи.

Е-книги од Ферид Мухиќ во издание на Блесок:
Големата градба и други разговори со непознатиот
Прамен волна

Related Articles