Направив и мјузикл. Сега што не сум направил? Опера. И, тоа се случи. Готово. Одиме понатаму. Посакувам никогаш да не морам да останам во онаа т.н „комфорна зона“. Тогаш има концентрација, тогаш има трема… тогаш лачи адреналинот. Тогаш си свој. Кога треба да се снајдеш на непознат терен. Мене тоа ми е целта. Инаку да го живееш животот во една затворена стаклена топка и да се чувствуваш сигурен и да мислиш дека само така требало да биде, тогаш си го промашил животот.
ИНТЕРВЈУ: Кокан Димушевски
АвторЉупчо Јолевски
ФотографијаТатјана Ранташа