Предавање (избор песни)

/, Литература, Блесок бр. 149/Предавање (избор песни)

Предавање (избор песни)

Мистерија на срцето
Смрт на дланка
Вовед во форма на останки
Друг вид
Таен акорд (Гитара)
Бебоп хипнози
Рака преку уста


Рака преку уста

Мојата сила е во твојата неодгатливост.

Моите прсти се твојот заборав –

повторував

од мрак

до мрак

и слепите ноќи нè поништија.

Тебе те пратив по ѓаволите

а себеси

на далечен остров. 

По деценија усовршување на прогонството

се враќам подготвен за завршната реч.




Рака преку уста

Фолклорот на иднината чува посебен облик на милосрдие во случај да се појавиш ненајавено. Како лампиони на кинеска Нова година на Прекршената височинка, светкаш наместо неонскиот повик. Таму каде што дискретно се шират видиците за внимателниот набљудувач. Оставени без право на избор, во потрага по последното стебло, наоѓаме придушен крик. Како збеснато куче го набљудуваш океанот и го довикуваш Медитеранот. Кратката смиреност чека во певот на славејот, во цртежите на каменот, знаците исчезнати во разгазен песок на минливоста. Со бедеми ја обиколуваш куќата која ја градиш на остров, а твојата љубов спрема птиците се вселува во народните песни. Со шепот те споменуваат уличните забавувачи. Никој веќе не е сигурен дека навистина постоиш. Последен пат си виден во маглив ден. Сведокот е мртов и со ништо, освен со легенда, не можат да те потврдат. Најпосле успеа во своите намери. Потсети се на прекипеното кафе на детството, заборави го последното стебло и прегрни ме. Стрпливиот и напорен труд најпосле ги собира своите плодови.

АвторМехмед Бегиќ
2023-03-17T05:08:40+00:00 март 12th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 149|