Поезија – Славе Ѓорго Димоски

/, Литература, Блесок бр. 151/Поезија – Славе Ѓорго Димоски

Поезија – Славе Ѓорго Димоски

До гола коска
Настрана свртеното лице на ангелот
Кожо моја кожо
Вечера (тајна?)
Госпоѓицата депресија
Орач


До гола коска

оној кој те глода однатре

до гола коска е ѕверот

од приказните на баба ти

ѕверот кој доаѓа

од ѕверскиот век

па се умилкува

крвца да ти локне

мевце да ти апне

и да му скрцат забите

на соголената коска

оној кој ме глода однатре

до гола коска е ѕверот

кој од решетки пуштен

ми го настрвува векот

па му се умилкувам

да живеам – преживеам

како мојон пес надвор

летнава жега што  ја глода

до гола коска

АвторСлаве Ѓорѓо Димоски
2023-10-01T12:29:42+00:00 септември 13th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 151|