Смртта на воинот

Смртта на воинот

Ковчег
Пенелопа
Кајмакчалан
Смртта на војникот (слика од детство)
Статуа 1
Тавтабити
Реома
Персефона


Некојси, а тоа сум јас,
со нога степкав
на работ од креветот
тавтабита.

Сега сум мошне галовен.

Касарните и клиниките
секогаш се настанети со луѓе,
(исполнети до последното место)
исто и затворите.

Тавтабитите се придружна сермија.

АвторЈован Котески
2023-06-08T11:48:23+00:00 јуни 6th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 150|