Смртта на воинот

Смртта на воинот

Ковчег
Пенелопа
Кајмакчалан
Смртта на војникот (слика од детство)
Статуа 1
Тавтабити
Реома
Персефона


„Одморете се, рече капларот.
Можеби и ние не ќе се вратиме
повеќе дома. Марвеци дозна
како се копа со нокти во каменот.“
„Марвеци, викнаа војниците,
нека ти е лесна земјата, Марвеци.
Денеска жената повеќе тежи
од пресушената трева под нозете…“
Како си умираа во април!
Татковината им подари
волнени палта и смрт.
Вториот војник молчеше.

АвторЈован Котески
2023-06-08T11:48:23+00:00 јуни 6th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 150|