ПЕСНИ ОД КНИГАТА „КРСТНА КОСКА“ (ПНВ, 2019)

/, Литература, Блесок бр. 144/ПЕСНИ ОД КНИГАТА „КРСТНА КОСКА“ (ПНВ, 2019)

ПЕСНИ ОД КНИГАТА „КРСТНА КОСКА“ (ПНВ, 2019)

картографија на огнот
крстна коска
бездомен ветер
sans-papiers
бездомник


картографија на огнот

за никаде сме
никаде не заминуваме
од никаде и не доаѓаме
цртежи сме по перони
испуштаме здив на аеродромски излези
слушаме глуви разговори по автопати
зјапаме во прозорци на запрени метроа
возовите на тишината доцнат
летовите се презакажани
деновите одложени
за никогаш повеќе

вино зоврива на здивените усни
по рабовите на нашиот ум
очите облаци замрзнати
нашите грла дини раздувани в пустина
степа ни вирее по јазикот
џунгла во половите и провалиите во градите
горешти отпечатоци сме под дождот
под кристалното небо што не покрива ниедна земја
зариваме зад нашите сенки стапала во жив песок
одежди пурпурни раскинати од бегалци без трага
жезла отфрлени од секое кралство сме
нокти и заби и очи ископани од историјата
изгубени во непрегледните слоеви на нашата плот
искинати мапи на нашите колена
копна што гризат гребени и приморја
по рабовите на нашиот клеточен копнеж
по бреговите на мртвите нации
гориме само за тој миг
кога знаеш
кога знам
поразен левент си ти
грб му вртиш на источниот ветер
чекориш по границите на слободата
и си заминуваш
но химера не си повеќе
ни прогон
нема ни да бидеш
за мене
terra incognita

АвторНаташа Сароска
2022-07-12T07:21:19+00:00 јули 11th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 144|