Бранко Чегец

/Бранко Чегец
Бранко Чегец 2018-08-21T17:17:55+00:00

Project Description

Бранко Чегец, роден на 22 јуни 1957 г. во Кралев Врв, Врбовец. Дипломирал Југословенски јазици и книжевности и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Уредувал книжевност во младинските весници и списанија Полет и Прашања. Бил главен уредник на списанието Кворум, главен и одговорен уредник на списанието за култура Око, уредник во издателството Младост. Во 1992 ја основа сопствената издавачка куќа Меандар, која делува од 1993 г. Таму работи како директор и главен уредник до 2000 г., а потоа како главен уредник. Во 1999 година е избран за претседател на Одборот на Горанова пролет, најголемата хрватска поетска манифестација, на чие чело останува до есента 2007-та. Го основал Центарот за книга и списанието за книга Тема, во кои работи како директор, односно главен уредник.
За севкупен придонес кон современата хрватска поезија, на Квириновите средби во Сисак во 2008-та доделена му е плакетата Св. Квирин.
Поезијата му е преведувана на француски, словенечки, германски, англиски, италијански, унгарски, полски, литвански, македонски.

Го објавил книгите:
Ерос-Европа-Арафат
, поезија, Загреб 1980 (награда Горан за млади поети);
Западно-источен пол
, поезија, Загреб 1983;
Пресоблекување на авангардата
, есеи и критики, Загреб 1983 (награда Седум секретари на СКОЈ);
Меланхоличен летопис
, поезија, Ријека 1988;
Екрани на празнината
, поезија, Загреб 1992, 1994, 2001;
Фантом на слободата
, есеи, колумни, записи, Загреб 1994;
Страста на разликата, темниот звук на празнината
(со Мирослав Мичановиќ), панорама на хрватската поезија од осумдесеттите и деведесеттите години, Загреб 1995;
Никој не зборува хрватски/Personne ne parle croate
(со Мирослав Мичановиќ и Ивица Пртењача), избор од поезијата, Загреб 2002;
Синтакса на месечината
, избор од поезијата, Љубљана 2004;
Темно место
, поезија, Загреб 2005 (награда Кочиќево перо);
Три крокодили
, (со Сенко Каруза и Мирослав Мичановиќ), проза, Загреб 2005.

Related Articles