20th Century Fox

20th Century Fox

1. бабушка
2. медитеран
3. знаци крај патот
4. гимнастика, самрак, силиконски прав
5. блискост на истокот
6. целулоидни палјачовци
7. сексуалноста на револуцијата
8. калапи на картографијата
9. хрватска студена лирика

Девет фрагменти за љубовта и смртта. Превод од хрватски: Никола Маџиров

одамна не сум бил среќен

калифорнија никна во градината со разорен потрес во неа.
потем приказните, обични и дрски, проблеснаа во гулашот ужасно долго тетеравени од моќта. мрсни момчиња и прецутени години:
беа руно и руво, ладно јагнешко,
ракетен израсток на усните што одѕвонуваат:
приспивна песна, сон на долги маршеви, грабливи птици на гулаг, хистерична смеа на бакаларот во владивосток:

чиниш бадник е во некоја друга земја и чиниш тапаните на немоќта никогаш нема да запрат.

АвторБранко Чегец
2018-08-21T17:21:28+00:00 февруари 1st, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 46|