Смртта на сијамскиот близнак

/, Блесок бр. 92/Смртта на сијамскиот близнак

Смртта на сијамскиот близнак

Зајаче
Склероза
Смртта на сијамскиот близнак
Генезис
Маакова

Жено,
ти, со идеална распределба на сало.
Ти, со широка карлица и
цврсти гради,
набрекнати,
со жили и млечни жлезди на готовс;
солзи од идниот бебешки плач
и мекост ко бебешка коса.
Жено во вечен цут,
престори ја мојата сперма во крв и месо.
Вдахни ми нов живот,
разбуди ми ги фиданките,
извиши ги ластарите и
поткастри ги онолку колку што треба.
За да не треснат од сопствената големина
или мали, јалово да згнијат во
ништожноста од смогот на неподвижното време.
Нахрани ме со твојата страст.
Затоа што не знам поинаку,
не знам за љубов.
Народи ме.
Прероди нè.
Затоа што тоа е последното нешто од мене за светов,
а ти мирисаш на мајка.

АвторЗоран Бејковски
2018-08-21T17:20:47+00:00 ноември 3rd, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 92|