Смртта на сијамскиот близнак

/, Блесок бр. 92/Смртта на сијамскиот близнак

Смртта на сијамскиот близнак

Зајаче
Склероза
Смртта на сијамскиот близнак
Генезис
Маакова

Мојот сијамски близнак умре од инфаркт.
Неговата наполу заспана глава
падна од вториот лакот,
презаситена со канабиноиди.
Умре, со
раката во ракав од ново сако,
со залижана коса,
бричено лице,
со неговата депилирана страна.
Со златен часовник,
актовка и
кредитна картичка која никогаш не се запраши во бело.
Му ги позајмив корисните екстремитети.
Сето друго ќе чекам да се исуши,
да се изрони ко струп.

АвторЗоран Бејковски
2018-08-21T17:20:47+00:00 ноември 3rd, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 92|