Сведочење на убавината

/, Блесок бр. 13/Сведочење на убавината

Сведочење на убавината

Сведочење на убавината
Нејзината песна
Одмаздата на пелтечавото дете
Знак од касај
Црвениот каталог на зборот зајдисонце
Жито
Сладолед

Зборувам денес во спомен на зборовите што еднаш ми заглавија в уста
во спомен на запчаниците што ги згмечија слоговите
под мојот јазик и го помирисаа барутот
во јазот меѓу гркланот и пресушените усни.
Тогаш сонував да ги прокриумчарам зборовите спакувани како украдени ствари
во складиштето на устата,
да ги растргнам картонските кутии и да го извлечам
јазикот на азбуката.
Учителот ќе ја ставеше дланката на моето рамо и ќе речеше дека и Мојсеј, исто така
пелтечел но сепак стигнал до планината Синајска.
Мојата планина беше девојката што седеше
крај мене на часовите, и немав оган во џбунот на мојата уста
да ги запалам, пред нејзините очи,
зборовите проголтани од мојата вљубеност во неа.

АвторРони Сомек
2018-08-21T17:22:05+00:00 март 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 13|