Рони Сомек

/Рони Сомек
Рони Сомек 2018-08-21T17:17:48+00:00

Project Description

Рони Сомек е роден 1951 во Багдад, а се преселил во Израел како дете. Студирал хебрејска литература и еврејска филозофија на Универзитетот во Тел Авив и цртање на ликовната академија Авни. Бил социјален работник за улични банди, сега предава литература и води курсеви по креативно пишување.
Објавил 10 книги поезија (најновата се вика „Алжир“) и две книги за деца, заедно со ќерка си Ширли Сомек: (најновата се вика „Мајмун лаже, мајмун краде“).
Преведен е на 39 јазици.
Избори од неговата поезија се објавени во превод на арапски, француски, каталонски, албански, италијански, македонски, јидиш, хрватски, непалски, холандски, дански и англиски.
Учествувал на многу поетски и музички фестивали, и на разни уметнички изложби.
Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои и: Премиерска награда на Израел, Награда Јехуда Амихај за хебрејска поезија, Рамат-Ган за поезија, Награда за винска песна на СВП, и наградата Ханс Бергхуис за поезија на Меѓународниот поетски фестивал во Маастрихт, Холандија.
Со музичарот Елиот Шарп снимил 3 албуми: „Одмаздата на пелтечавото дете“, „Линија на сиромаштијата“ и „Куса историја на вотката“.
Ги поставил изложбите „Фабрика на природата, зима 2046“ (1998) со Бени Ефрат, во Израелскиот музеј; „Хаваџа Бјалик“ (2004), „Рехал Мадрид“ (2007) и „Салфетка“ (2010), во Музејот на израелска уметност во Рамат-Ган.
Член е на Јавниот совет на танцувачката трупа „Батшева“ и на Хебрејско-арапскиот театар.

Рони Сомек е член на Меѓународниот уредувачки одбор на Блесок.

Related Articles