Сведочење на убавината

/, Блесок бр. 13/Сведочење на убавината

Сведочење на убавината

Сведочење на убавината
Нејзината песна
Одмаздата на пелтечавото дете
Знак од касај
Црвениот каталог на зборот зајдисонце
Жито
Сладолед

Од англискиот превод на Вивијан Идн, превел Игор Исаковски

Најубавата девојка на светот имаше обичај со прстот да го забрише
правот од етикетата на шишето во продавницата за вино во Бордо.
Лепезата на ова движење ја проучуваат во археолошките школи
кога очите ширум се отвораат за да ја откријат годината на Создавањето.
Во шишето сите траги на дланката што го гмечи грозјето
исчезнале и од грозјето мирисот
на сенчестите покриви од лозовиот лист се заборавени. Во лисјата
носталгијата ги сопрела ветерните мелници во зрната песок, и песокот
веќе не ги покрива корењата што лазеле низ земјата како змии
што ја менувале кожата секоја сезона.
А девојката? Девет месеци, според движењата на четката по нејзиното тело,
девет месеци Леонардо да Винчи седел меѓу
нозете на мајка ѝ и ја
сликал.

АвторРони Сомек
2018-08-21T17:22:05+00:00 март 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 13|