Предвремено будење

/, Блесок бр. 59/Предвремено будење

Предвремено будење

Предвремено будење
Исповед на дете
Weltangschauung
Мирисот на смрчките На татко ми
Топла крв
Сакате ли вода?
Вода, о да!
Големата Мајка

Ниту една единствена не знам
ладнокрвно да раскажам
бајка. Зошто, на пример
ловецот ја спасува Црвенкапа
и, како секоја споредна личност
неопходна само за расплет
си заминува?

На кој начин во Аловото цвеќенце
грдиот ѕвер станува убав младич?
Кој од нив е привидение?
Ме трогнува ли магијата на преобразбата
или езата дека морам да паднам во немилост
за да бидам некому мила и драга?
Колку ќе останат непреобразени
на светов луѓе, мажи
при сè што жената е она трето
што ги поврзува?

Мажот е желен, жената пожелна
и така во недоглед возбудата
на рас-кажувањето живнува
јазикот е топол како крв
ласцивен кога бликнува
опсцен кога засирува
јагула-јазик
совршен и кога е разголен
без кошула без лушпа
како од матка изведен!

О, бесрамна нека ми биде беседата
нека биде вечен нескладот
меѓу изгледот и суштината
постојат волшебни приказни во коишто
сè е налик на стварноста
во коишто нема ништо што би можела да го објаснам
ладнокрвно и рамнодушно!

2018-08-21T17:21:11+00:00 мај 10th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 59|