Предвремено будење

/, Блесок бр. 59/Предвремено будење

Предвремено будење

Предвремено будење
Исповед на дете
Weltangschauung
Мирисот на смрчките На татко ми
Топла крв
Сакате ли вода?
Вода, о да!
Големата Мајка

Сега не можам да речам
дека меѓу мене и денот кога
со татко за првпат берев смрчки
постои јасно растојание

сега кога мирисам на смрчки
повеќе одошто на самата себе

кога минуваат годините во животот
како што нема да поминат во споменот

кога сè е на свој начин отсутно
и пладнето, и билјето
и јас и тој

кога сè е заградено во мене
и секој настан има своја миризба
своја душа – она
кое не се споредува!

И од разликата рано се умира.
„Сè уште не, па сепак веќе“ да.
Би немало свет, тој не би бил
да не бил различен
од сè друго, и од моето
Јас.

Отсега ќе ми треба храброст
да одам без него низ истите предели
да се сеќавам и да барам низ јасникот
смрчки

не оние што тој ги ствараше за мене
но тие што јас ќе ги мирисам за него.

2018-08-21T17:21:11+00:00 мај 10th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 59|