Штета, схоластика!
Повторувања, паралелизми
предодредености…
Човек нема без драма
Реч против реч
Посесија против посесија
Дело против недело.
Со што со кого се соочуваш
секојдневно –
со познаници
со историски личности
или со измислени
книжевни ликови?
Прашањето е чудно, но
не е во прашање уметноста
туку чистата стварност
– можноста да му припаѓаш
на битието:
да се чувствуваш слободно
не да прашуваш
– слободата, што беше тоа?