Поезија – Владислав Христов

/, Литература, Блесок бр. 122/Поезија – Владислав Христов

Поезија – Владислав Христов

уморен приседнав крај патот
до мене еден столетен даб
танцуваше на ветрот
гранките му се нишаа ритмично
со онаа заразна енергија
на учителите по самба
ме фати срам
од што толку сум уморен
па да одморам
станав и почнав
несигурно да пристапувам
еден два три на четири вртење
ете како едно дрво ме научи
да танцувам

АвторВладислав Христов
ПреводВангел Имреоров
ПреводЃоко Здравески
2018-11-30T13:20:02+00:00 ноември 29th, 2018|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 122|