Поезија – Владислав Христов

/, Литература, Блесок бр. 122/Поезија – Владислав Христов

Поезија – Владислав Христов

страшен дожд го поплави градот
под стреите на зградите
не остана место за нови луѓе
сите што успеале да се скријат
одеднаш се раздрдорија
започна размена на визит-картички и рецепти
веселото џагорење прерасна во лаеж
ете падна и првата стреа

АвторВладислав Христов
ПреводВангел Имреоров
ПреводЃоко Здравески
2018-11-30T13:20:02+00:00 ноември 29th, 2018|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 122|