Ѓоко Здравески

/, Поет/Ѓоко Здравески
Ѓоко Здравески 2018-09-17T12:26:38+00:00

Project Description

Ѓоко Здравески е роден во 1985 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работи како лектор за македонски јазик на Филозофскиот факултет во Ниш и редовно патува со Ниш експрес.
Пишува поезија, кратка проза и есеи, а најдолго и најпосветено го пишува својот магистерски труд. Има објавено две книги поезија: Палиндром со две н (2010) и Куќичка за птици-преселници (2013). Заедно со уште неколку поети од Србија и од Македонија ја има објавено книгата Торту кроз прозор (поезија, 2010). Неговите стихови се објавени во неколку антологии на младата поезија: Ван кутије, антологија нове поезије ЈУ-простора, (2009), Нов македонски хаику-бран (2011), Ветерот носи убаво време, антологија на најмладата македонска поезија и проза (2012), Лирски додекамерон, антологија на младата македонска поезија (2012). Преведуван е на српски, хрватски, словенечки, бугарски, чешки, шпански и англиски јазик.

Related Articles