Годишна ликовна награда за млад уметник „ДЕНЕС“

/, Галерија, Блесок бр. 60/Годишна ликовна награда за млад уметник „ДЕНЕС“

Годишна ликовна награда за млад уметник „ДЕНЕС“

ДЕНЕС 2008
Тунел – Ана Ивановска
Пирамидите во h=0 – Славчо Спировски
Западен Балкан (весник за еден измислен регион) – Тихомир Топузовски
Чанти на смеата и заборавот (Истражување на нови грид* системи) – Неда Фирфова

Прототип чанти 31x36cm
Сито печат и фломастери кои се бришат при перење

#13 Мојот проект и истражување се фокусирани на модуларностa на јазикот, при тоа правејки паралела со можната модуларност што ја нудат латиничната и кириличната азбука. Како резултат на тоа, креирам нови модуларни фонтови и грид системи каде сите букви се креираат во склоп на една носечка форма. Во процесот на создавање e присутна уште една идеа, која сугерира дека повторувањето на текстот во некоја смисла може да се разбере како повторувачка шема за себе, т.е. шема со значење. Спојувајќи ги двете идеи, создавам систем кој се базира на бескрајно повторување на носечката форма, сè додека истиот не стане шема која нуди можност во неа да се пишува. Паралелно со дизајнот на системот, дизајнирав и нов фонт кој овозможува да се испишат сите мали букви од азбуката во рамките на шемата.

#14 Чантите на смеата и заборавот се дел од прототипите на овој систем, каде неговата функција може да се почувствува на забавен начин, при што се начнуваат концептите на заборавање и паметење. Тие се замислени како еден вид потсетници, каде нивниот сопственик може да ги запишува и брише работите што не би сакал да ги заборави во текот на денот. Иако чантите се приватни објекти, тие го добиваат својот вистински живот во јавноста, па така идеите што тие ги носат преку текстот се отворени за асоцијации и можат да бидат редефинирани и разбрани на нови начини. Имајќи го тоа в предвид, сопственикот би требало да биде подготвен да создаде свои кодови, ракопис или нов јазик читлив само за него, што е впрочем и првобитната идеа на самиот систем.

* – систем на мрежа за дизајнирање букви

АвторДЕНЕС 2008
2018-08-21T17:21:11+00:00 јули 3rd, 2008|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 60|