Жељана Вуканац – Песни

/, Литература, Блесок бр. 126 - 127/Жељана Вуканац – Песни

Жељана Вуканац – Песни

Растење
Минливост
Песна за себе
Животот на змејот во црешовиот цвет
Создавање
Заминувања
Состанари
Есенско попладне


Состанари

остана запрена
во растојанието помеѓу рамките
неизречени се бесовите
забестите реченици и бесното молчење не помагаа
како да ја уриваше зградата со својот бес
нека се урне сѐ од покривот и со тоа и оние поради кои иронично ја трескаше вратата
а таа да остане во својата тркалезност
издигната и опкружена со циглена прашина

барем да можеше сѐ да урне
па да можеше да се издигне праведно

немоќна да се согледа, не можеше да ги види
нивните начнати сни, несигурности, уплавот од големите стравови
насмевките со агли во треперењето со убави зборови без целосни мисли
се губат во празнините во кои влетуваат како велигденски зајаци
исчезнуваат на година додека не ги оживее вербата дека утре не е крај
дека смртта нема врска со утре

исто како што нема врска со неа
не можеше да се ослободи
и нежно да ја испрати вратата да го подржи катот

АвторЖељана Вуканац
ПреводЃоко Здравески
ПреводМилан Дамјаноски
2019-08-06T13:00:27+00:00 јули 31st, 2019|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 126 - 127|