Жељана Вуканац – Песни

/, Литература, Блесок бр. 126 - 127/Жељана Вуканац – Песни

Жељана Вуканац – Песни

Растење
Минливост
Песна за себе
Животот на змејот во црешовиот цвет
Создавање
Заминувања
Состанари
Есенско попладне


Минливост

Направив свој календар
тоа беше првиот симптом

празен лист хартија одделив
вертикално и хоризонтално
чисто од пркос му дадов на времето своја форма
да се запраша човек

на деновите им дадов број
и секому сонце, едреник, далги или гранки
така станаа моја сопственост
уште малку па ултимативен господар на вселената

го слушав сркањето чорба на родителите
исто како и отчукувањето на часовникот
не можеш да се ослободиш од ритмичните повторувања на минатото

тонев во немоќ секој од тие денови
се бодрев сепак дека денес можам сѐ
и треперев кога ќе ја затворев вратата однатре
барав иднина сега
и предвидував најлоши сценарија
атомски бомби, паѓања на под,
спуштање глава и кревање на заднината
тоа би требало сите да нѐ заштити

иднината си заминувашe
додека ги пречкртував сонцата, бродовите, далгите и гранките
тешката глава ја спуштав и ги затворав клепките
под нив имаше брзина и светлост
уморна сум

ја немаше меѓу ѕидовите наоколу
пуштив да минувам покрај себе
да не се погледнам и сочувам.

АвторЖељана Вуканац
ПреводЃоко Здравески
ПреводМилан Дамјаноски
2019-08-06T13:00:27+00:00 јули 31st, 2019|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 126 - 127|