На излогот од женска галантерија
се покажува Персефона со обилна нежност,
со миризлива коса од зрела ‘рж.
Со обоен глас од милосрдна љупкост
како да се преселува во друго небо,
подарува цвеќиња од своите насмевки.
Персефона работи во две смени:
напролет на земјата ѝ вдахнува душа
за да се заврзат богати плодови.
Со црвен конец слегува во пекол,
со бел се враќа повторно во рај.
Како древна божица навестува драма.
Јован Котески