Смртта на воинот

/, Блесок бр. 03/Смртта на воинот

Смртта на воинот

Ковчег
Пенелопа
Кајмакчалан
Смртта на војникот (слика од детство)
Статуа 1
Тавтабити
Реома
Персефона


Луѓе,
раскорнете ја коскарницата
нека се затрчаат черепите
низ стрмните падини
на Кајмакчалан.
Велат,
на каменот изгорела тревата
мајката го исплакала синот,
времето ја заборавило мајката.
Јас не знам кој со кого
и кој за кого во кој ден,
се кренал духот како магла
што пасе ноќе по присоите…
Дошле преку отворено море
да го срушат својот бран,
на Кајмакчалан.
Можеби до черепот лежи
черепот на тој што убивал,
черепите се слични
со каменот.
Јас не знам кој со кого
и кој за кого во кој ден,
но ова чудо од коски
ме плаши!

2023-06-07T21:02:48+00:00 јуни 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 03|