Како пчелите на бадемово дрво се вселувам во тебе. И потоа тој вкус горчливо миризлив во лажицата пред тебе. Наутро. Појадуваш. Го опипуваш жариштето. Кратерот во грлото. Пепелта во отворот. Внатре.
Со голтка свежа вода го потиснуваш поленот бивш, процесот утрински. Мојот мед. Го облекуваш палтото. Леплив и лизгав. Веќе си надвор.
Зад тебе гребе мачка
Пурпур
Пурпур
Домашен блуз
Светот – мојот брат
Секојдневно утро е кога
Недела во паркот Монсури
Градски живот
Melancholia eterna
Домашен блуз
Светот – мојот брат
Секојдневно утро е кога
Недела во паркот Монсури
Градски живот
Melancholia eterna
АвторЛилјана Дирјан