Пурпур

Пурпур

Пурпур
Домашен блуз
Светот – мојот брат
Секојдневно утро е кога
Недела во паркот Монсури
Градски живот
Melancholia eterna

И кога сосема ќе ја избришат следните настани во животот, оваа ќе ја паметам поради едно обично тениско топче кое во еден миг падна на тревата, далеку од играчите на тенис и во неговиот млечен пат пролета гулаб, па тенисерите му потрчаа во пресрет, со своите рекети, сè додека светлината на пладнето не ги заслепи, а останатите паркувачи не погледнаа од својата удобна здодевност кон патеката кај што белите играчки дресови и сивата пердувеста разлетаност во бегство, ветуваше сензација и можност да се случи нешто од што гулабовото срце би пукнало, кога уште во јајцето не би научило да лета, повисоко од замавот на неделните играчи

АвторЛилјана Дирјан
2018-08-21T17:22:15+00:00 јуни 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 03|