Овде неделата се губи

/, Блесок бр. 84/Овде неделата се губи

Овде неделата се губи

Немав дом
Бродот што ме донесе
Овде неделата се губи
Четвртата

Ветерот го разоткрива предградието во сета негова јасност
Светлината има тајни балкони

Овде неделата се губи
Од фустанот кој не може а да не одлета
Од сите тие нивоа и линии и слики
Единствено тенките веѓи
Испишаа краток пример
Грижата на собата ноќе шета

Зад шушкањето на хартиите
Јас сум вчудовидена како жена
Која постојано го вади девојченцето од водата
А тоа повторно се лизга назад
Ќе поверувате веднаш штом ќе трепнете

АвторАзита Гареман
2018-08-21T17:20:54+00:00 јули 1st, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 84|