Овде неделата се губи

/, Блесок бр. 84/Овде неделата се губи

Овде неделата се губи

Немав дом
Бродот што ме донесе
Овде неделата се губи
Четвртата

Дали јас повеќе личам на тебе?
Или таа, чии раце им беа посветени на зборовите
И нејзините прсти, бојосани од зеленото мастило
Ја оддаваа нејзината тајна?

Дали ти повеќе личиш на мене?
Или онаа која ги вртеше броевите
Личи повеќе на тебе
Или на мене, чии раце им беа посветени на зборовите?

Дали таа која седи на овој стол
Во ѕифт црни чорапи
Личи повеќе на мене?
Или ти, која ги истрча сите улици
Во црни чевли?

Дали жената која си ја избричила главата
И која е вљубена во локалниот лекар
Личи повеќе на мене?
Или ти, која го преврте огледалото?
Која од нас
Јас или онаа третата, која го избриша своето лице,
Или четвртата,
Чии раце му беа посветени на ветерот?

АвторАзита Гареман
2018-08-21T17:20:54+00:00 јули 1st, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 84|