Дали неудобноста е знак дека сме оддалечени?
Ноќе, како наутро, во запечатен тунел,
сонцето и месечината се предалеку за да нè допрат со проѕирните раце,
пеперуткините усни, птичјите крилја.
Преведуваме однатре кон надвор: што е животот?
Споделување саксија со неколку тревки,
кои лесно ги добиваме а сепак ни ги греат срцата.
Веројатно ќе обраснат, но кој може да одрече
дека чувството на затрупаност е речиси како живеење.
И така, чекаме на сопственото процутување,
единствениот вид природа кој ја изненадува околината.
Заробени корења врз глинен под
го имитираме звукот на близината, здивот на дождот, светлината,
си шепотиме, вода вода, ветер ветер
дали така се чувствува живеењето?