Безмилосен и убав, овој свет,
со птици што спијат в дланка.
Играњето во темница станува игра
на денот, круг што се отвора.
Заспивам и се будам
во пределот каде што над агрумите
се креваат маглички по спиралното
примање на воздишката и издишката,
покрај големата вода, која е жена.
И се полнам. Со секој миг сè повеќе.
Зафаќам сè повеќе простор
и живот во него.
Според несреќниот клуч не припаѓам.
Според истиот клуч треба да љубам:
бог, Ерос, е во секоја капка дожд
што ги измива меланхолиите и го буди молкот
во прегреаните очи. Повеќе сонца
се гушкаат без раце. Таму. И тука.
Играњето во темница станува празник на денот,
а ти, секогаш, со еден единствен здив,
неговото средиште.