Избор на клучот

/, Блесок бр. 64/Избор на клучот

Избор на клучот

Перспектива на животот
Избор на клучот
Зелени галерии
Мртва природа
Дијалог
Во средиштето на денот
Волшебна
Би сакала некој да ми подари песна

Безмилосен и убав, овој свет,
со птици што спијат в дланка.
Играњето во темница станува игра
на денот, круг што се отвора.

Заспивам и се будам
во пределот каде што над агрумите
се креваат маглички по спиралното
примање на воздишката и издишката,
покрај големата вода, која е жена.
И се полнам. Со секој миг сè повеќе.
Зафаќам сè повеќе простор
и живот во него.

Според несреќниот клуч не припаѓам.
Според истиот клуч треба да љубам:
бог, Ерос, е во секоја капка дожд
што ги измива меланхолиите и го буди молкот
во прегреаните очи. Повеќе сонца
се гушкаат без раце. Таму. И тука.
Играњето во темница станува празник на денот,
а ти, секогаш, со еден единствен здив,
неговото средиште.

АвторЛуција Ступица
2018-08-21T17:21:08+00:00 март 3rd, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 64|