Избор на клучот

/, Блесок бр. 64/Избор на клучот

Избор на клучот

Перспектива на животот
Избор на клучот
Зелени галерии
Мртва природа
Дијалог
Во средиштето на денот
Волшебна
Би сакала некој да ми подари песна

Откако виолината се затвори во ковчегот,
облечен во мека ткаенина,
на хартијата од акварелот
се сретнаа две бои
и се прелееја во друга желба.

Летото се растегна низ
плажата, полна со туристи
кои сонливо ги движат нозете.
Ослепена од сонце ја следам линијата,
исцртана врз тивкото, стаклено небо.

За да ја преминам границата
ми треба прелевање на звуците
во бои, сè помалите сенки
и прокриумчарениот јазик на почвата.

АвторЛуција Ступица
2018-08-21T17:21:08+00:00 март 3rd, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 64|