Избор на клучот

/, Блесок бр. 64/Избор на клучот

Избор на клучот

Перспектива на животот
Избор на клучот
Зелени галерии
Мртва природа
Дијалог
Во средиштето на денот
Волшебна
Би сакала некој да ми подари песна

Го читаме секој својот дијалог.
Го зборуваме. Не се разбираме.
Или повторно и само се преправаме.
Сончогледите се отворени. Мирисаат со правта,
што не е правта на нашата самотија. Таа мириса
во перниците, кога нè нема.

Некаде на пола пат меѓу издишката
и епиграмот сум, во зборот.
Во неговата двојност, во неговата сиромаштија,
во неговата несовршеност. Изговорен во тебе
гласно се враќа во мене.
Променет. Можеби туѓ.
Чекам, да те разбудам,
со допир на солта
падната врз кожата, врз раните,
врз сувите капаци што сјаат во ноќта
како мека светлина.

Кога пак ќе заминуваме, тогаш да ги допреме
празните соби, дворови, расцутените цреши.
Кога некој заминува, некој останува, рече Валехо.
На свијокот на денот разминувањето
ќе стане помалку болна смена.

АвторЛуција Ступица
2018-08-21T17:21:08+00:00 март 3rd, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 64|