Избор на клучот

/, Блесок бр. 64/Избор на клучот

Избор на клучот

Перспектива на животот
Избор на клучот
Зелени галерии
Мртва природа
Дијалог
Во средиштето на денот
Волшебна
Би сакала некој да ми подари песна

Премалку време има за играње со камења
и создавање приказни. Денот е прекраток,
а кога се колебаш и кога си плашлив,
времето е џелат кој не те сака. И
понатаму се колебаш, како кучето
кое го удрило кола па сега претпазливо ја минува улицата,
се колебаш, си ги гризеш усните, а потоа
секогаш доаѓаш предоцна, како гостин во туѓина,
секогаш како гостин кој зема погрешен клуч
и седнува на погрешна маса.
За сè треба да се избориш. Затоа има премалку време.
Да се чувствува, само да се чувствува како се затвора кругот,
и не си заробеник, туку слободно се шеташ
по неговата кружница и ги гледаш провалиите и планините,
ги гледаш сите годишни времиња што сè уште ги подготвуваат своите
испитни прашања; да се чувствува, само да се чувствува
и да се почека на мавтањето на птичјите крилја
како голем аплауз, наменет за животот.

АвторЛуција Ступица
2018-08-21T17:21:08+00:00 март 3rd, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 64|