одеднаш
видов
како
една сенка
си игра
со својата мачка
одеднаш
и
месечината
виде
како сонцето
си игра
со моето тело
во
овој град
за кој
никој
не може да се сети
зошто
се вика
град на рацете
кога никој овде
одамна веќе
не си ги видел
рацете
а
сè започна
со една
игра на сенки
пред
една
стара ламба
со
заробен дух
Игра со сенки
АвторБорче Панов