Превод од англиски и белоруски: Игор Исаковски
задолжителна среќа делеа вчера
нa таму некоја штрасе
некој ми пријде и ми рече,
имате така неправилни очи, ве молам
земете малку.
ја однесов дома, ја ставив в шкаф
упатствата не ги прочитав
а испадна
дека со неа требало да се живее.