Волја Гапеева

/Волја Гапеева
Волја Гапеева 2018-08-21T17:17:56+00:00

Project Description

Волја Гапеева (р. 1982, Минск, Белорусија)
Дипломирала на Државниот лингвистички универзитет во Минск (специјализација – странски јазици и книжевност – англиски и германски), францускиот е трет јазик, а во моментов учи кинески. Во 2005 г. магистрирала лингвистика, на истиот универзитет. Сега ја подготвува магистратурата по Родови студии на Европскиот универзитет во Вилниус. Предава превод (англиско-руски/белоруски и обратно) на Државниот лингвистички универзитет во Минск. Учествува во бројни проекти и преводи и ја промовира белоруската книжевност во странство за издавачката куќа „Логвинов“.
Пишува поезија, проза и драми. Авторка е на книгата Реконструкција на небото (2003). Во моментов ги подготвува новата поетска книга Неизбричено утро и својот втор роман. Нејзината драма Собирачот е поставена во Музејот на историјата на белоруската книжевност, во рамките на фестивалот „Три дена“. Преведена е на англиски, германски, полски и македонски.

Related Articles