Тоа не беше прв, а ни последен пат Малиган да го сретне Вебстер, ама сигурно е најквалитетната снимка, таа забележана свирка во која границите ги цртаат само Гери Малиган и Бен Вебстер, без кој било да ги вознемири.
Стоиш на мостот, косата ти е спроти ветрот и време е реката под вас да реши чија сојузничка е. Не можам да престанам да размислувам која музика да му ја доделам на твоето заминување. Ти си таа што заминува, нели? И никогаш нема да се вратиш?
Ја вртам плочата низ рацете. Ги впивам деталите. Минатогодишен репринт на оригиналот од шеесетта. Ни оригиналот не би го третирал подобро. Шест песни на две страни, снимени во Лос Анџелес, на самито крај на 1959 година. Оваа плоча му ја доделувам на твоето исчезнување. Нека биде негов споменик.
Gerry Mulligan Meets Ben Webster – Chelsea Bridge (Alternative Take)