Вебстер, Малиган, Хокинс и ноќта што следи

/, Звук, Блесок бр. 116/Вебстер, Малиган, Хокинс и ноќта што следи

Вебстер, Малиган, Хокинс и ноќта што следи

Дневник од мостот
Неговата скица – Малиган го среќава Вебстер
Нејзината скица – Хокинс со Локџо Дејвис
Европска ноќна ластовица

Ќе дојде ноќта. Ќе заспие статуата на Буда на полицата на продавницата на третиот кат на бескрајниот трговски центар, светилиштето на модерното време на кое во моментов му принесуваш жртва на сопствената сентименталност.

Промените не се забележуваат со око и не можат да ги забележат усните притиснати на писката на моите дилеми. Таа мелодија останува неоткриена. Ама мапите и дијаграмите не лажат. Забележано е уште едно во низната на последни бакнувања.

И дојде ноќта. Најавена со тенките мембрани на темнината. Ќе нè проголтаат саксофоните и нивните тенори. Измамниците ќе ги измешаат клавишите за никогаш повеќе да не им ја вратиме смислата. Ти и јас нема да доживееме да одиме по рушевините. Светот останува на хипнотизираните, иднината им припаѓа ним.

Tindersticks – Another night in

2018-08-21T17:20:34+00:00 октомври 21st, 2017|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 116|