Изменети состојби
#14 Во својот видео перформанс Изобличувања Борис Петровски се обидува визуелно да го претстави процесот на меѓусебно влијание низ кој секојдневно минуваат градот и неговите граѓани. Всушност, станува збор за видео документација од перформансот кој уметникот го изведе шетајќи се на плоштадот „Македонија“ со парче лим во рацете.
#17 Петровски го употребува лимот како рефлектирачки простор кој станува привремен сведок на интеракцијата на фигурите на случајните минувачи и на околните згради. Модифицираните лица и тела се огледуваат во мазната, но изобличувачка површина истовремено со алтерираните фрагменти од градскиот простор и неговите објекти. Така површината на лимот станува и метафора за перформативниот процес на реципрочна урбана трансформација.
(Сузана Милевска, извадок од текст)