Годишна награда за млад ликовен уметник

/, Галерија, Блесок бр. 54/Годишна награда за млад ликовен уметник

Годишна награда за млад ликовен уметник

ДЕНЕС 2007
Вера Ковачевска: Секојдневна уметност, уметноста на секојдневието
Велимир Жерновски: Welcome to Skopje
Никола Узуновски: Неизречена (желба)
Борис Петровски: Изобличувања

#2 Во овој едногодишен проект, со однапред предвидено време на траење (03.01.2005-03.01.2006), авторката секој ден дисциплинирано, напати дури и опсесивно, забележува што се случило во текот на дадениот календарски ден и кои се нејзините размислувања околу тоа. Понекогаш детално, а понекогаш накратко, таа опишува најобични секојдневни „ритуали“ (јадење, спиење, гледање телевизија, итн.), најразлични ситуации од својот живот (правење на апликација/дело за арт фестивал, барање на работа, боледување, патување во странство, итн.), како и размислувања околу актуелни теми (уметничката сцена во Македонија, професионалниот развој на уметникот, војната против терор, визниот режим, итн.).

#3 Финалниот производ од овој едногодишен проект се вкупно 365 картички, кои содржат текст и фотографија (земена или најдена од авторката), од/за секој ден од годината. Во септември 2006 година овој проект беше презентиран во Музејот на современата уметност – Скопје каде што авторката подели по една картичка (завиткана во коверт) на секој посетител, а останатиот дел го испрати по пошта на блиски пријатели и соработници во неколку земји во светот. Преку актот на споделување и примање „подарок“ од неа, публиката стана и директен, не само индиректен (дел од неа беше спомената во текстот на картичките), учесник во создавање на делото.

АвторДЕНЕС
2018-08-21T17:21:18+00:00 јуни 19th, 2007|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 54|