Читање на светлината

/, Литература, Блесок бр. 107/Читање на светлината

Читање на светлината

Читање на светлината


Смислата на вака водената нарација и композиција на романот се открива во завршницата на романот. Најавена е со мигот на првото појавување на сосема слаба светлина во темната соба. Онаа од телефонот на прогонувачот и натрапникот во собата кој ја прогонува Марија, и со слабата зеленикава светлина на телефонот успева да ги препознае нејзините контури во темницата. Со помош на истиот телефон кој ќе остане зад него, ќе ги лоцираат неговиот комјутер и идентитет и ќе го хакираат неговиот профил на мрежата. Надзорот во овој миг станува нивно оружје, но и ги вовлекува во вителот на променливи улоги на надзорници и надзирани, оние кои снимаат и кои истовремено се изложуваат на можноста да бидат снимени. Воведната сцена на романот во која колективниот протагонист на романот е контемплативно поставен пред менталниот екран на паметењето и ретроспективата, мигновено, на крајот, е пресвртена не само во слика на гледачи во сала за филмска проекција туку инстантно и во снимка на нечиј надзор. Темната соба, нејзината апсолутна, непроѕирна темница е веќе неповратно загубена. Светлината на денот наметнува инакви соочувања и себеодредувања во инаку организиран свет, поинаку значенски устроен одошто оној на темницата: со центар и периферија во медитативната потпреност на ѕидовите. Светлината го носи сознанието, да повторам, за неповратна утопија на темницата во свет во кој владее принудата на светлината. Последнава синтагма е исто парафраза на еден дамнешен стих на Драгојевиќ. За подвлекување на семантиката на таа светлина, која ја огласува и овој роман, би ги повторила на крајот истите стихови.

2018-12-17T13:05:47+00:00 мај 31st, 2016|Categories: Критика, Литература, Блесок бр. 107|