Територијални апории: имагинарните и реалните аспекти на локацијата

/, Литература, Блесок бр. 22/Територијални апории: имагинарните и реалните аспекти на локацијата

Територијални апории: имагинарните и реалните аспекти на локацијата

„Замислените“ аспекти на реалната локација

Топографската ситуираност, како и Имаго-Реалното, е опремена со капацитет да биде конститутивна за конструкциите на субјективноста/идентитетот. Така, за да се лоцира на Балканот е територијално, и реално и имагинарно, произведено – и произведувајќи се себеси – како означување; и/или локусот произведен – и произведувајќи како – означување.
Да се биде исконски поврзан со територијата на Балканот, или да се биде сочинет од оваа материјална врска (како да се биде роден и израснат на Балканот и/или да се биде граѓанин на една од неговите држави) е, или подобро го вклучува, реалното (исто како Реланото) како фактор на субјективизација. А тоа го поминува погледот. Поконкретно. Погледот на европската Другост (иако има и други Другости, како на пример, ориенталната Дугост или американската Другост, оваа вторава во многу културно конститутивни аспекти не се разликува значително од европската).
Европскиот поглед треба да се земе како централно конститутивен за балканската субјективност со оглед на фактот дека неговите (или, на балканските земји) сегашните, предоминантни аспорации за европска интеграција. Меѓутоа, европските аспирации, или подобро, идентификацијата со Европа, за Балканот се нешто кое значително му претходи на сегашниов момент. Имено, со векови целото образование на балканските нации во основа било она на западната цивилизација, дополнето со наши скромни источко европски придонеси. Заради оваа, и заради некои други важни причини, може да се изјави дека евопската Другост е основната Другост на балканскиот субјект. Големите наративи, идеологиите, или идеолошките имагинарности, во кои Балканот живее барем 150 години (во некои од неговите земји, како Хрватска, стотици години подолго) се оние на Западот. Може да се каже дека европската Другост ја има позицијата на ДРУГОСТА за балканската субјективност.
Секогаш
веќе заробена во формативните сили на овој поглед, локацијата на почвата на Балканот станува извор на продукција на еден комплекс означувања кој го создава она што може да се нарече гранична линија на европската субјективност. Субјективност што е во постојана криза во однос на својот претендиран/намерен европски карактер, во постојана фрустрација од својот никогаш целосно не здобиен европски идентитет, или/и помирена со својата ситуираност на границите на (фантазматичната) Европа. Неговата топографска позиција е на границите на Европа, не нејзините рабови; топографски, Балканот е границата на Европа, или тој е на границата на Европа, и ова е условувачкиот момент за појавата на целата имагинарност. Или, поинаку кажано и (се надевам) попросто, реалната – или, имаго-реалната – локација самата ги произведува начините на конструкција на балканската субјективност.
Понатаму, релевантноста на оваа топографска ситуираност – за создавањето на имагинарноста на субјективниот конструкт во прашање, и механизмите на моќта на кои е потчинет – не се само метафорични. Со однесувањето како лакановско Реално во својот аспект на touché – т.е. Како траума што го нарушува синџирот на означување, носителот на принципот на задоволство3F – тоа е активен аспект на формирањето на Субјектот. Делува како знак, како имагинарно или симболично (или фикција4F), делува како присуство во синџирот на означување, а не како отсуство.
Реалната
ситурианост на географските граници на Европа станува имаго-реална инвестиција во политичката имагинарност (или како што некои би рекле: симболиката)5F и на Балканот и на европската субјективност, имено заради нивната конструкција на балканскиот идентитет како граничен европски идентитет и субјективност. Имаго-реалното, што ја има позицијата и Името на Реалното, кое постојано се преведува и се артикулира во политички имагинарното – и нивните оправдувања – на Западот на Европа (или подобро ЕУ). Тоа е она што се прифатило како улогата на претставување (Vorstellungsrepraesentataenz) поддршка на реалното, реалноста, и/или „материјалната вистина“ на политичките имагинарности.
Имено, делува како и материјална поддршка, делува како конечниот збор на Реалното, или на Реалноста, на фантазматичната Европа на ЕУ. Тврдењето на Западна Европа за исклучителното право на името Европа, и нејзиното исклучително придавање на идентитетот што (ова име) треба да го има, наоѓа своја цврста поддршка во топографската реалност. „На крај, просторно, Балканот е далеку од Центарот на Европа“, (што се разбира не е топографската Централна Европа). Последувателно, тоа е исто и имаго-реална инвестиција во официјалната политика на ЕУ кон Балканот, како и нејзините навредливо строги и ригидни визни политики. А во обратна насока, во субјективизирачкиот поглед на Европа, додека се конструира себеси, балканската субјективност почива на истиот топографски факт како и вистината на Реалното, како и поддршката на реалноста (материјалната) на истата имагинарност („објаснувајќи“ ја својата маргиналност).

#b

3. “N’est il remarquable que, &aegrave; l’origine de l’expérience analytique, le réel se soit présenté sous la forme de ce qu’il y a en lui d’inassimilable – sous la forme du trauma, déterminant toute sa suite, et lui imposant une origine en apparence accidentelle? Nous nous trouvons l&aegrave; au coeur de ce qui peut nous permettre de comprendre le caractère radical de la notion conflictuelle introduite par l’opposition du principe de plaisir au principe de réalité – ce pourquoi on ne saurait concevoir le principe de réalité comme ayant, par son ascendant, le dernier mot.” (Lacan, 1973: 65)
4. И кај Батлер и кај Лорел се појавува поимот/терминот „фикција“ како спротиставен на реалното, ви бинарната структура,(Butler, 1993: 6 et passim; Laruelle, 1989: 231 et passim).
5. Јас претпочитам да го изберам терминот имагинарно, следејќи ја дискусијата на Батлер во Телата што значат, каде таа вели дека „она што оперира под знакот на симболичното може да биде ништо друго освен прецизно онаа група имагинарни ефекти што станале натурализирани и конкретизирани како закон на означување.“ (Butler, 1993: 79)

АвторКатерина Колозова
2018-08-21T17:21:54+00:00 октомври 1st, 2001|Categories: Критика, Литература, Блесок бр. 22|