Територијални апории: имагинарните и реалните аспекти на локацијата

/, Литература, Блесок бр. 22/Територијални апории: имагинарните и реалните аспекти на локацијата

Територијални апории: имагинарните и реалните аспекти на локацијата

Touché на имагинарната локација: Ударот на Реалното

Во нашиот „симулиран“ глобален свет, (Лакановиот) удар на Реалното и чувството на ре-институирање во реалноста (многу сомнително според теоретскиот момент на денешницата) со неговиот (во теоријата, во пад) аспект на непобедливото Реално, навистина се случува во некои делови на земјината топка. Така е во повеќето балкански пост-комунистички земји (Македонија, Југославија, Бугарија, Албанија…), и не само често, туку и незапирливо.
Човек наидува на непробоен бирократски ѕид кога се обидува да добие виза за една од земјите на ЕУ (и за САД). Претераните барања за невозможни докази дека човек не е криминалец или потенцијален емигрант, понижувачки долгите, бескрајни, – често сосема апсурдни – процедури делуваат, како удар (tuché) на во суштина фрустирачкиот, непропустлив оклоп на Невозможното Реално.
Зборувам за ефектот на – прецизно лакановото/зизеково – Реално што го произведува синџирот на означување и кое влегува во интеракција со него (со Другото на Знакот). Ова навистина е теоретски прилично проблематична забелешка, но сепак, ќе кажам дека тврдењето за Имагинарното (или Симболичното…, Знакот) што делува како Реалното е од клучна политичка важност. Имено, главното политичко тврдење на оваа статија е дека таа е точно „присуство на отсутното“, или ефектот на Реалното во политичките реалности (на Балканот), кој е од клучна важност за новите и попродуктивни политички дискусии на Балканот денес. Понатаму, редукционистичките тенденции секогаш веќе (дијалектички) што го редуцираат Реалното (или реалното) на Имагинарно имаат политичка конотација, што првенствено се содржи во самата логика на спротиставување/исклучување на бинарната структура. Понатаму, осбвен нејзината „чисто“ идеолошка природа, политичката конотација се однесува и на просторот на искуството како такво (така, тоа го вклучува и телесното), претпоставувајќи? Извесна одговорност во однос на реалните/„реалните“ искуства (на пример на – Балканостите).
Можеби би била неправедна генерализација да се каже дека „имагинарниот редукционизам“ (филозофксо-теоретските тенденции да се редуцира секој ефект на реалното на имагинарното како единственото Можно, додека Реалното е самото Неможно) е одговорен за (прекумерната) релативизација на одделни политички прашања. (Прашања, а не категории.) Овде првенствено мислам на одговорноста што се однесува на нанесената траума на Реалното. А сепак, би ја ризикувал оваа генерализација со тврдење дека наместо повик на итни акции, сфаќањата од видот на „Балканот е алтер-егото на Европа“6F предизвикуваат само бескрајни монолози иа авто-референцијални теоретизации на Западот (на Европа). Дискурсот на Сеид за ориенатализмот и на Тодорова за балканизмот се размножија во вредни теоретски продукции но не инспирираа многу конкретни иницијативи на Запад, како на пример, поширока (или било каква?) јавна дебата за визниот режим на ЕУ кон балканските земји.
Сигурно не се обидувам да ја потценам водечката важност – водечка, според мене како и според многу други, на делата на Саид или Тодорова. (Оваа вторава е неизбежна референтна точка во моите напори да размислувам и да пишувам за субјективноста на Балканот) заедно со насоките што последниве неколку години ги предложи Славој Жижек (Slavoj Žižek), имено, начин на размислување/теоретизирање поврзано со прашањето на „Реалното и историчноста“7F????
Повикот за итна, или навремена политичка акција може да се актуелизира преку воведување во дискурсот на самата трауима – Реалното. Како неизговорливо, (indicible), неозначливо, како отсуство и како афазија, најмалку; сепак, како субјект за дискусија. Или како Лореловско замисливо реално (како неспротиставено на фикцијата, или на имагинарното, симболичното… „илузијата“) овозможувајќи дискусија (или помисла) во термини на реалното (la pensée en terms du réel), во термини на единечното и нерелативното (или не-релационоито).8F Воведувањето на ова и вакво „реално“ во политичките дискусии на денешнината најавува „порадикален“ дискурс. А ова е радикализам на „ексклузивната“ мисла; меѓутоа, не во смисла на спротиставена ексклузивност, туку во смисла на особеното, во термини на лореловата мисла за Едното (или подобро, la Vision-en-Un)9F и реалното.
Сфаќањето на реалното како особено, инспирирано од сфаќањето на Лорел за реалното како единечно, е прилично консонантно со лакановото Реално како touché: хазард, коинциденција и непредвидливост10F – неочекуван удар на Реалното. Во оваа смисла тоа е исто така и врска на консистентност со улогата во историчноста што на Реалното му ја дава Жижек: „не-суштинска природна граница, точка на пад, и оттука го придвижува непредвидливиот процес на историзација – симболизација“ (Butler, Laclau and Zizek, 1999?: 9), но самото е позитивно дефинирано. Имено, реалното е присуство и (или подобро, преку) чиниот на единечното и едното, дури и ако човек не го деконструира или напушти лакановскиот (психоаналитичкиот) концепт на реалното како неможно и Непропустливо (но сепак сè уште не Незамисливо).
Со воведување на топографската локација во теоретска дискусија (како реално/имаго-реално генерирање на имагинарното) – или на фактот за просторната/физичка фрустрација која резултира од визниот режим – дискурсите, заедно со нивните аспирации и одговоности, се преформираат. Отсуството на реалното како и – нагласувам – траумата и tuché, која произлегува од нешто што е соодветна теорија (како теорија) е одговорно? за начините и формите што ги има второво.

Превод од англиски: Елизабета Баковска


РЕФЕРЕНЦИ

Butler, Judith. 1993. Bodies that Matter: On the Discursive Limits of “Sex”. New York & London: Routledge.
______________, Ernesto Laclau & Slavoj Žižek. 2000. Contingency, Hegemony, Universality: Contemporary Dialogues on the Left. Verso Books.
Lacan, Jacques. 1973. Les quatres concepts fondamentaux de la psychanalyse. Texte établi par Jacques-Alain Miller. Paris: Éditions de Seuil.
Laruelle, François. 1989. Philosophie et non-philosophie. Liège-Bruxelles: Pierre Mardaga.
Todorova, Maria. 1997. Imagining the Balkans. Oxford University Press.

#b

6. Види Тодорова во нејзината Imagining the Balkans, кога зборува за концептот на лиминалноста на Ван Генеп (Todorova, 1997: 18).
7. Непредвидливост.
8. Cf., “Проблемот на филозофијата во општо потекнува од фактот дека таа никогаш не размислува за термините во нивната специфичност, туку како спротиставени еден на друг, во нивните релации, и во најдобар случај, на нивните граници и во нивната близина. Како резултат на оваконцептот на реалното, како и секој друг (концепт), означува една амфиболошка реалност, литоморфија на реалното, без оглед на фактот дали е зад ова второво (au-del&aegrave;) или пред него (en deça), или на границата меѓу двете. Од класичниот рационализам до современите деконструкции, фикцијата останала заробена во таа релација на помешаното (le rapport de mixte) т.е. На унитарното (unitaire). Исклучена од реалното, интернализирана од него, додека самата се интернализира и претендира да го ко-детерминира, (fiction, le fistionnel) никогаш не ги избегна овие игри на интер-инхибиција (entre-inhibition), кои филозофијата ги игра со себе, и во кои е само една од играчките на една историја која претендира да ја надмине.“ (Laurelle, 1989, 232).
9. Види Laurelle, 1989, 37 ff.
10. Значењето на грчкиот збор tuchе случајност, коинциденција, непредвидливост, хазард.

АвторКатерина Колозова
2018-08-21T17:21:54+00:00 октомври 1st, 2001|Categories: Критика, Литература, Блесок бр. 22|