Стариот е пак пијан

/, Литература, Блесок бр. 50/Стариот е пак пијан

Стариот е пак пијан

Ѝ пријдов и ја фрлив на креветот. Ноќницата сама се отвори и ми покажа две огромни дињи, навистина величествен призор, со две големи, розови и набабрени брадавици и со крпата таму меѓу нив. Ми се замагли пред очите. Ја закопав главата меѓу нејзините цицки, ја дувнав смешната крпа и тресев со главата таму меѓу нејзините гради додека не ми снема воздух. Се струполив од неа, таа ја отвори ноќницата и потоа и мене ми ги потегна панталоните, заедно со гаќите, до коленици. Се насади на мене, на мојата никогашуштенештотакво ерекција и скокаше врз мене така што оние нејзини две лубеници скокаа по пола метар горе и долу. Ја стискав, ја гмечев и ја влечев за пупките, таа на цел глас викаше и даваше, даваше, даваше. После ја превртев од себе и ја ставив под мене, не вадејќи го. Како манијак се забивав во неа и патем стенкав така што не знам кој беше погласен, јас или таа. Во секој случај, тоа беше најгласното дупење во мојот живот. Веќе беше ноќ и веројатно нè слушаше цел Жужемберк. Бевме само едно викање и збивтање. И липање! Кога сврши, ги зари ноктите во мојот грб, па и јас се излеав врз неа, врз нејзиниот малку млитав стомак. Се симнав од неа и останав да лежам како мртов. Таа таму од својот стомак земаше од спермата и ја мачкаше врз мене, по моите цицки и после ги лижеше. При тоа нејзините цицки се развлекоа врз мене, така што ми дојде малку да го пикнам меѓу оние две дињи, но тој веќе беше премногу млитав. Станав и од панталоните кои сега ми беа околу глуждовите, извадив кока. За ерекција, се уверував, иако главата ме болеше како во неа да беа илјада вклучени машини за перење. Седнав на работ од креветот за на ноќното орманче да направам црта кога таа ме фати за рамото и рече:
„Дали тоа е она?“.
Ја погледнав и кимнав, иако не знаев што е она.
„Може и за мене една?“.
Кимнав и таа стана и преку моето рамо гледаше што правам.
„Направи ми ги на цицка, да му ебам матер“, рече.
Се завртев и се загледав во нејзините огромни цицки. Помислив дека доза преку нејзината цицка би ме одвела во гроб, дека би го разебала црното срце. Не можев да си помогнам, ја фрлив назад на креветот и навистина почнав со подготовка на две тенки и долги црти, таму врз нејзината лубеница. И баш се потрудив убаво да ги извиткам околу нејзината розова пупка, по секоја од една страна. Потоа од панталоните извадив банкнота, ја смотав и ѝ го понудив првиот шмрк, да си избере црта. Се одлучи за малку помалата. Одеше како подмачкано. Мислам, немаше никакви проблеми околу тоа дека случајно не би можела да се наведне до цицката зашто беа толку огромни што никако не можам да ја одминам таа придавка. Потоа и јас се наведнав над цртата и шмркнав. И потоа… Сè на што се сеќавам е дека го излижав и она кое остана на нејзината огромна цицка и… Не знам дали сум заспал или тоа едноставно ме фрли во кома. Ме прекри мрак! Веројатно онаа од околината на осветлениот Жужемберк.

Беше бел мрак. Беше сон за бел коњ. Пуштен и слободен. Галопираше по зелената висорамнина на висина од некои три илјади метри. Неговиот опаш се виореше зад него. И трчаше по самиот раб од амбисот. Таму долу далеку кривулеше каллива река. Кривулеше меѓу горите кои се протегаа со километри и километри кон југ. Со силниот тек издлабила клисура меѓу камењата и стрмо се спушташе кон некои далечни села за кои мојот бел сон ништо не знаеше. Таму, на самиот врв на планината, пред дрвената колиба која се распаѓаше, имаше, не би можело да се рече дека ја краси, но беше таму, на ’рѓосана жица пружени алишта, а пред колибата стар Индијанец без заби, со искината некогаш шапка врз долгата побелена коса. Коњот му се доближи и старецот нежно го погали по белата грива и нешто му зборуваше. Потоа од џебот извади парче од нешто и му го стави на коњот пред уста. Белиот коњ се огласи и го изеде понуденото. Потоа стариот Индијанец отиде во колибата и изџвака малку зелени ливчиња кои потсетуваа на чај. Се стемнуваше и белиот сон полека го прекриваше темнина. Се слушаше завивањето на ветерот таму во планините и стариот Индијанец тонеше во сон, со поглед вперен во ѕвезденото небо кое му се нудеше низ дупката на покривот. Ноќта уште еднаш стана и ја протна својата побелена глава, сега без шапка, низ вратата. Во темнината се гледаше само бела дамка која по секоја веројатност беше коњот и стариот Индијанец се врати во чкрипавиот кревет. Кога се раздени, ги отвори очите и низ дупката на покривот виде илјадници и илјадници птици, кондори, како на своите огромни крилја едрат над неговата колиба во распаѓање. Го виде нивното кружење, нивното спуштање и знаеше дека се случило. Стана, на главата го стави она кое некогаш било шапка и излезе низ вратата. Потоа седна крај мртвиот бел коњ таму пред колибата, на врвот на планината крај самиот раб на амбисот. Седеше таму крај мртвиот бел коњ, во устата пикна на чај слични зелени ливчиња и му раскажуваше приказна: „Еднаш беше сонцето. Беше прво, единствено и најсилно сонце. И бидејќи набргу му стана здодевно, реши да се ожени. Се спушти до планината и ја замоли змијата да му биде жена. Змијата, свиткана во клопче, се согласи и веќе неколку дена пред да се венчаат на сонцето му правеше друштво. А змијата беше итра и секогаш му бегаше на сонцето и си одеше по свое, на секоја сончева молба да не му бега опасно с’скаше и заедно со своите во клопче свиткани сестри ги покажуваше своите два отровни заба, полни отров. Сонцето разочарано се спушти уште пониско, сè до прашумата на Големата река и ја побара шепата на женката на јагуарот. Јагуарката се согласи и некое време таа и сонцето беа нераздвојни. Тогаш на земјата беше многу жешко, како во вулкан, и дрвјата умираа едно по едно. Па сепак, јагуарката беше пресметана, сакаше да се врати во својот рај, со многу дожд и изобилство храна, па ја откажа венчавката. Тажното сонце се крена назад на небо, високо, високо на небото, далеку над Големата река и далеку над планините, над итрата змија и нејзините сестри. Се тажеше таму, на самиот крај на небото кога до него долебди убавата округла луна. Го праша зошто е така тажно и сонцето ѝ ја раскажа својата приказна. Луната толку ја потресе неговата приказна што му се понуди за жена. Наскоро се венчаа, беа среќен пар, се надополнуваа еден со друг, и денес е така, и од тогаш на Земјата имаме ден и ноќ. И ден и ноќ и ден и ноќ“. Потоа стариот Индијанец ги плукна изџваканите листови, од џебот извади парче од нешто и го голтна. Легна крај коњот и заспа засекогаш. На небото сјаеше силното сонце, под него кружеа неговите пратеници кондори и се спуштаа по својот данок.

Превод: Игор Исаковски

2022-11-06T12:05:45+00:00 октомври 7th, 2006|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 50|